Подготовка:

1. Во меленото месо изрендајте една главичка кромид, зачинете со сув зачин, бибер, малку презла ако е поводено месото и убаво измесете го. Формирајте ќофтиња и набрашнете ги од сите страни.
2. Тавата во која ќе го приготвувате јадењето треба да е малку подлабока и широка. Ставете неколку лажици маслиново масло и загрејте го. На, не многу силна температура, испржете ги ќофтињата од двете страни.
3. Кога ќе бидат испржени, околу нив ставете го доматниот сос, додајте го сувиот кромид, лукчето, ориганото, зачинете со бибер и сув зачин и поклопете ја тавата.
4. Нека повари на послаба температура уште 5-6 минути и готово е. Одозгора ставете ситно исечкан свеж магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови