И ова е рецепт од ризницата на мајка ми. Брз, вкусен и едноставен. Секогаш кога сакавме нешто благо, а немаше многу време (знаете децата сакаат сега и веднаш) мајка ми ќе го сматеше набрзина.

Пандишпан
Пенасто се матат белките. Еднаш како дете видов на телевизија дека најдобар доказ за тоа дали белките се убаво изматени е да го превртиш садот и малку протресеш. Ако се си стои на свое место може да се продолжи со подготовка на рецептот. Ако не ...
Лажица по лажица се додава шеќерот, а потоа и жолчките. На крај се додава брашното и рачно се домешува смесата. Смесата се дели на два дела. Едната половина се става во подмачкан плех, а во другата се додава какаото. Втората половина се става врз белата половина и пандишпанот се пече на температура од 180 степени. Пандишпанот уште додека е топол се завиткува во мокра крпа во форма на ролат за да со ладењето не пресуши и испука при виткање. Потоа се отвара тестото и се попрскува со мед растворен во млака вода. Се премачкува со мармалад и се попрскува со оревите. На крај се затвора ролатот.

Може да користите и некој друг мармалад по Ваш вкус.

Идеална ужина за деца. Убаво оди со чаша топло млеко или какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани