Пиперот се пече, се лупи, се цеди, се сецка потоа се става на оган шерпата во која преткодно има едно шише зејтин. Се пропржува пиперот потоа се истура кечапот и се меша. Постепено се додава оцетот, се меша, постепено се додава шеќер и сол по вкус, се така мешајќи.
Потоа пак 1 зејтин. Потребно е околу 1. 5 час.
20 минути пред крај се додава исецканиот магданос и лукчето. Додека е топол се собира во тегли кои се редат и се остават во кутија обложена со прекривка да се вакумираат теглите убаво.

Рецептот е многу брз и многу е вкусен, оди со парче сирење.
Добар апетит

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови