Еве повторно еден мој брз солен колач за кој не ви треба миксер, што овој пат го претставив како ленти, а не класично исечен на коцки или триаголници.
Дечкиве не дочекаа ни да се излади сосем, а на помалата ќерка пак која не сака моркови (освен живи), сега воопшто не и пречеа за да земе некоја лента повеќе.

1. Јајцата се матат убаво со жица, се додава јогуртот и маслото, се меша убаво и се додава солта, брашното со помешаното пециво, сирењето и на крај ситно изренданите моркови (средно големи).

2. Убаво се изедначува смесата со мешање и се истура во намрсена и набрашнета тава бр. 30, се посолува со сусам и малку лен, се пече на 190 степени околу 40 минути.

Се лади и се сечи на ленти или по желба.
Мешаното бело сирење ни е омилено дома и јас претежно го користам него во солени работи, а секако наместо такво може да се користи сирење по вкус или пак изварка, па според тоа се подесува и количината на сол во колачот.
Ако се пече во тава бр. 28, колачот ќе биде малку повисок.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани