Овие лепчиња добро ни дојдоа кога немавме леб дома, а никој не сакаше да оди по жешкото да купи. Случајно ги видов штотуку поставени на кулинарика и за некои 20на минути веќе беа на трпезата. Ете, толку се брзи.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Од сите наведени состојки се прави тесто кое се дели на 2 дела и танко се расплескува овално или тркалезно на наматена тава за печење. Одозгора се премачкуваат со по 1 лажица јогурт и се посипуват со сусам или црно семе. Ако немате во моментот и не мора. Се печат веднаш, кратко време додека малку не нарастат и поруменат. Печените лепчиња попрскајте ги малку со вода со помош на раката и краевите премачкајте ги со малку масло или путер и оставете ги покриени да подоладат. Убави се и топли и ладни.
Дозата е за 2 лица. Ако сакате за повеќе дуплирајте ја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови