Кога сакате да ги изненадите своите домашни за доручек, вечера или ужина, можете брзо да ги подготвите овие вкусни крофнички.
Сите состојки се матат заедно со миксер во сад за матење. Се добива смеса погуста од смеса за палачинки.
Во помал сад за пржење се става масло (најмалку 1 см.) и се загрева.
Со мала лажичка се истураат мали топчиња во маслото и се пржат кратко од сите страни.
Испржени се вадат во длабок сад, на салфета. Од оваа количина се добиваат многу мали крофнички - 2 големи длабоки чинии.
Можете да ги послужите со сирење, кашкавал, јогурт, но и како благи, полеани со мед (како на сликата) или мармалад

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови