Меленото месо се става во длабок сад, се додава јајцето, лебните трошки, ситно исецканиот кромид, ливчињата од босилок, чилито, зачинот, сусамот, водата, маслиновото масло, затарот и сето тоа се меша додека да се изедначи смесата и со раце се формира смесата во форма на топчиња.

На претходно загреано масло се ставаат топчињата и се пржат додека да ја променат бојата, некаде околу 6-7 минути. Потоа се вадат и се ставаат во сад обложен со хартија за да се исцедат од вишокот на масло. Потоа се сервираат, може самостојно може да се припготви некаков сос и слично.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови