Ова е рецепт за брзи палачинки, кои се јадат во еден здив.
Најпрво ги мешаме јајцата и шеќерот, па ги додаваме и другите состојки и повторно мешаме додека не добиеме хомогена смеса.
На загреано тавче ги правиме палачинките. Јас користам Делимано тавче за палачинки кое го имам долго време. Тоа е мој драгоцен прв подарок од Мои рецепти од пред 10 на години, а се' уште е беспрекорно.
Откако се готови декорираме по желба.
Јас овој пат ги комбинирав со домашен мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови