Пиперките исечете ги покрупно на коцки и ставете ги да се пржат на врел зејтин. Се пржат кратко, колку малку да омекнат и се тргаат на страна.
Во истата тава ставете малку зејтин и ставете го меленото месо да се пржи. Штом ќе ја смени бојата, додадете го сечканиот кромид и лук и продолжете со пржење. Додадете го ориганото и црвениот пипер, насолете и набиберете на вкус. Ставете ги пасираните домати, супата и водата и оставете да зоврие. Додадете го оризот, намалете ја температурата на ниска, поклопете со капак и оставете така да се вари 15-20 минути во зависност од тоа каков ориз користите. По потреба додадете вода за оризот да се свари. Две минути пред крајот, ставете ги пиперките одозгора во тавата, поклопете, и продолжете со варење. Кога е готово, промешајте и послужете.
Се служи со додаток на густ јогурт или како во мојов случај, со домашно кисело млеко.
На здравје!