Еден едноставен, но многу вкусен десерт.

Подготовка

1. Брауни колачот подгответе го според упатството (со додавање на 2 јајца, 100мл масло и 100мл млеко). Кога ќе биде оладен колачот, исецкајте го на коцки.
2. Пудингот, исто така, подгответе го според упатството (со 500мл млеко и 4 лажици шеќер). Оставете го да се олади целосно.
3. Кога ќе бидат оладени брауни колачот и пудингот, изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
4. Редете во 1 поголем сад (или неколку помали). Најпрво еден ред од брауни колачот, па 3-4 лажици од слатката павлака, па 3-4 лажици пудинг. Повторувајте ја постапката додека да се наполни садот. Завршете со слатка павлака и декорирајте по желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани