Полека но сигурно и децата го заземаат нашето место во кујната. Овој пат Сара ќе ни спрема, а мама ќе помага. Епа кога нема место за мене таму, јас ќе објаснувам ваму )))))
1. Пред да почнеме да матиме, врз пареа ги топиме путерот и чоколадата.
2. Во стаклен сад го ставаме прво шеќерот. Му кршиме едно јајце и матиме со маталка. Матиме убаво па додаваме пак друго јајце. Се така додека не ги ставиме сите 4.
3. Кога убаво ќе бидат соединети и изматени, доодаваме какао и брашно. Лажиците нека бидат полни . Повторно убаво матиме со маталката. Кога и тоа го соединивме, ја додаваме растопената смеса од путер и чоколада.
4. Во тавче ставаме хартија за печење и ја префрламе готовата смеса за печење. Печеме 30 минути на 180 степени. После 30 минути го вадиме од рерна и заедно со хартијата го вадиме од тавата, па оставаме така да излади. Кога е веќе ладно,го сечеме дирекно на хартијата, па пажливо го префрламе на чинија.
Нека ви е на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови