Сокот од боровница го ставаме да се загрее заедно со шеќерот.
Во меѓувреме јаболките ги рендаме.
Откако сокот почне да зоврива ги додаваме јаболките и оставаме малку да провријат. Вадиме од оган и го додаваме циметот. Промешуваме.
Бискотите ги кршиме со раце и ги додаваме во јаболките.
Мешаме смесата да се соедини.
Со раце правиме топчиња, ги валкаме во кокос и ги ставаме во фрижидер да се стврднат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови