Брз и едноставен десерт, кој може да го прилагодите да биде и посен и мрсен, во зависност од бисквитите и чоколадото кое ќе го одберете.

Сувото овошје се става во сецко или со блендер се мели, да останат парченца. Бисквитите се мелат, се додава во нив растопеното чоколадо, сувото овошје и доколку сметате дека е потребно шеќер т.е. во зависност од овошјето кое ќе го употребите. Јас ставив урми, па бидејќи се доста благи не употребив воопшто шеќер.
Доколку употребите некое покиселкасто овошје, може да додадете шеќер во прав, но не повеќе од 50 гр.
Се меша убаво смесата да се изедначи и се обликуваат бомбици, се обложуваат со растопено чоколадо

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови