Сувото овошје се потопува во сад со вода. Така стои околу 15-20 минути.
Индиските ореви се мелат најситно.
Сусамот се пропржува додека да добие румена боја.
Одкако овошјето одстојало во водата се процедува и се блендира. Во него се додаваат индиските ореви и сусамот, смесата се соединува.
Се остава малку во фрижидер да се стегне.
Од смесата се прават бомбици, се ставаат во хартиени корпици и врз нив по желба може да се декорира со по едно индиско оревче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови