Вкусни бомбици, кои ги подготвува нутрибулет, хаххаха
Ваше е само да ги подготвите сите состојки и да ги соедините.

Прво на сувите смокви им ги одстрануваме дршките.
Ги сечиме на половина.
Чоколадните бисквити ги мелиме во нутрибулет.
Во мала касерола на многу тивок оган ги соединуваме чоколадото и путерот.
Од кога смесата е изедначена, тргаме од оган и го додаваме сокот од портокал.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме сувите смокви, бисквитите и соединетите путер, чоколадо и сок од портокал
Со кратки пулсирања во 2-3 наврати убаво ја соединуваме цела смеса.
Формираме бомбици.
Во мала касерола на тивок оган ги соединуваме чоколадото и маслото.
Секоја бомбица ја потопуваме во чоколадо, па нежно ја декорираме со ситни трошки.
Ги редиме бомбиците во хартиени корпиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани