Подготовка:

1. Во мал сад, на тивок оган, ги ставаме да се соединат млекото, чоколадото, путерот, шеќерот во прав. Нека провријат само 1 минута и садот се трга од оган. Се додава румот и се промешува. Се додаваат мелените лешници и мелените бисквити. Убаво смесата се изедначува и се остава во фрижидер да се излади, околу 30 минути.
2. Потоа се формираат бомбици. Прво се потопуваат во растопено црно чоколадо. Па се декорираат со растопено бело чоколадо. Се сервираат и дегустираат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани