Еве уште еден рецепт со моите омилени малини. Доколку користите замрзнати малини, треба да ги извадите непосредно пред обликување на бомбиците. Доколку користите свежи треба да ви бидат цврсти.

1. Смелете ги лешниците и бисквитите.
2. Во тенџере ставете го шеќерот и водата да се свари шербет. Одкога ќе зоврие, оставете го само 2-3 минути и тргнете го од оган.
3. Ставете го маргаринот и чоколадото и мешајте додека не се растопат. Додадете ги лешниците и бисквитите и мешајте.
4. Смесата не треба да ви е скроз изладена за да можете полесно да формирате бомбици. Земете од смесата и ставете по една малина во средината. Формирајте топчиња и ставајте ги на фолија додека не ги направите сите.
5. Растопете го чоколадото во микробранова или на пареа и со мало лажиче ставајте врз секоја бомбица.

* Некогаш ми е потребно плус 20-30 грама повеќе бисквити. Веројатно зависи од која фирма се. Кога ќе ги правите имајте на ум ако не ви е доволно цврста смесата дека може ќе треба малку да додадете.
** Сместа како што ќе се лади ќе биде потешко да се формираат бомбици, ако ви се рони по малку, можете да ги навлажните рацете со вода и да продолжите.
*** Ако малините ви се размрзнат ќе имате потешкотија во формирањето ама не е никаква грешка.
**** Имам пробано и целите да ги глазирам ама премногу чоколадо доаѓа така и вкусот на малините не е толку изразен.

И се извинувам што нема дополнителни слики, доцна сфатив дека ми е празна батеријата, а и не ме сакаа за сликање.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови