Со вилушка испасирајте ги бананите и измешајте ги со шеќерот во прав, кокосот и мелените бисквити или ореви, или мешавина од двете, како сакате. Во зависност од сочноста и големината на бананите, доколку е потребно додадете уште малку кокос, бисквити или ореви, додека добиете компактна смеса од која ќе можи да се обликуваат бомбиците.
Истркалајте ги во кокос, какао, мелен орев или несквик и уживајте во убавиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани