Ова е повеќе како идеја што може да ја искористите за некој детски роденден или друга забава каде што најмалите ќе се радуваат на ваквиот „сладолед“. За бомбиците можете да искористите било кој ваш омилен рецепт, ова е она што јас го имав во моментот дома, па го искористив.

1. Сувите кајсии ги ставаме во врела вода за да омекнат, па потоа ги блендираме.
2. Чајните бисквити ги мелиме, па ги соединуваме со омекнатиот путер, кајсиите и шеќерот во прав. Доколку е потребно, може да додадете и од водичката во која ги ставивте кајсиите.
3. Од смесата формираме бомбици кои потоа ги потопуваме во растопено чоколадо и ги ставаме во корнетите.
4. Корнетите ги декорираме со шарени трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови