Се замесува тесто од брашното, јајцата, павлаката, какаото, маргаринот и пецивото. Убаво се меси додека се добие мазно тесто. Тестото се дели на 6 дела, од секој дел се расукува тенка кора и се пече на хартија во плех .
Корите се печат многу кратко околу 6-7 минути на 180 степени.
Секоја кора се ваѓа внимателно со се хартија и останува на хартијата за полесно да се пренесе при филувањето.

Фил
1200мл млеко се става да зоврие заедно со шеќерот. Останатите 300мл се мешаат со прашакот за пудинг и густинот и се налеваат во зовриеното млеко. Се вари додека се добие густ крем и се остава да се излади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон оладениот крем. Кесичките со шлаг се матат со 200мл ладно млеко и откако ќе се добие цврста шлаг пена и таа се додава кон филот.Убаво се соединува целиот фил и се дели на 5 дела.
Се филува ред кора, ред фил. Најубаво е филот да се подели на делови така ќе имате поеднакви слоеви.
Од како ќе се стави последната кора се прелива со глазурата и се оставаат да преноќат. Се сечат во коцки по големина која ви одговара.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела