Јадењево е зимско и мене ми е омилено.
Но еве денес го пишувам рецептот.
Во Прилеп традиционално се подготвува за посни слави.
По желба може да се додаде и суво грозје.

Најпрво главиците кромид се сецкаат многу ситно.
Во тава се налива маслото, се става исецканиот кромид на оган, на тивко да се пржи.
Се пржи околу 1 час, можеби и повеќе, со постојано мешање, се додека кромидот не добие убава браонкаста боја.
Се трга од оган, се става шеќер, и се додава црвениот пипер.( до колку сакате, не е задолжителен)
Убаво се меша да се изедначи и се става во тава во која ќе се печи.
Се налива само околу 100-150 мл вода и се редат исчистените парчиња риби
По крајот на зајрето се ставаат сувите сливи, кои претходно биле потопени во топла вода околу 20 минути, да омекнат..
Се става во рерна и се печи околу 30 минути се додека не си остане само на мрсното.
Водичка не смее да има,
Но внимаваме на температурата за рибата да не биде многу сува.
На здравје овој несекојдневен и превкусен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани