Вкусни, здрави плескавици од моркови, им се допаднаa на децата.
Морковот сварете го и излупете го.
Варениот морков изблендирајте го во блендер со млеко. Додајте брашно, јајце, шеќер, ванила, гриз, пециво, измешајте убаво и оставете 15 минути во фрижидер.
Пржете ги плескавиците во загреана тава за пржење од двете страни.
Готовите плескавици ставете ги на хартија да впие мрснотии.
Украсете со шеќер во прав и чоколадни трошки или по желба. Моите деца уште ставија чоколаден прелив.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани