Одвојте 100 мл од млекото, другото ставете го да се згрее. Во останатото млеко растворете го нишестето и шеќерот. Кога млекото ќе почне да врие не многу, додавајте ја по малку сместа со густин постојано мешајте доека се згусти. Тргнете го настрана додајте ја чоколадата на коцки и маргаринот, мешајте додека се стопи.

Филот уште врел мачкајте го на бисквитите. Потребно е мало кафено лажиче за секоја. Ставете една бисквита на подлогата(намачкана со фил), над неа друга намачкана и така додека потрошите 200 гр. Може да правите во правоаголен калап да ги лепит една до друга или без него.
Кога ќе ги направите ролатите, треба побрзо да ги правите додека филот е топол за да може бисквитите да омекнат, не треба претходно да ги макате во млеко. Оставте ги во фрижидер да се оладат и здрват некаде околу 1 час.Сечете косо за да добиете шари како на сликата.
Може да правите со тркалезни кекси(без полнење),разнобојни.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови