Теадиционално главно јадење во околината на Пеќ.
Приказната вели вака „ Да бидеш послужен со ова јадење - значи дека си добродојден во куќата каде што си влегол“-. Таа приказна ја знам и од самата авторка на рецептот, една прекрасна дама која заслужува секое почитување. Таа ми објасни дека Тирит- значи бешамел, а Гогља - мали округли кофтиња. Валерија, Благодарам.

БЕШАМЕЛ
1. На тивок оган растопете го мпутерот и додајте го брашното кое го пржите до благо заруменување притоа стално мешајки го. За кратко тргнете садот од ринглата и постепено додавајте го млекото исто така мешајки го со бркалката. Додајте ја урдата и ситно сецканиот лук, за кратко вратете повторно на ригнлата 2-3 мин. Промешајте да се изедначи целата смеса и префрлете ја во садот кој сте го намениле за служење - огноотпорен сад.

КОФТЕ
1. Измесето го меленото месо со јајцето и зачините по вкус-бибер, сол, вегета. Добиената смеса префрлете ја на побрашнета површина и со помош на брашното формирајте мали кофтиња.
2. Пржете ги кофтињата на путер и откако сте ги испржиле наредете ги врз бешамел сосот притоа малку натиснувајки ги во истиот. Залијте ги со врелиот путер во кој се пржеле. Кратко во рерна подпечете, а и не мора, ручекот веќе е готов.

НАПОМЕНА
Наместо путер можете да користите маргарин или наједонставно зејтин.
Јас не го подпечувам. Кога прв пат го спремив заклучив дека е рецепт по кој може за кусо време да се спрема ручек ако најпрво ги спремате кофтињата, потоа во исто време - на едната рингла се пржат кофтињата, на другата се крчка бешамелот.
Да ви е слатко!
Овој рецепт ме подсети и на еден наш рецепт од нашата регија... во бешамелот спреман сосема исто, додаваме пржени кисели пиперки од туршијата, ги додаваме во бешамел сосот, избркаме, ставеме во рерната малку да се подпечи, а за тоа време во врел зејтин во кој се пржеле пиперките ставаме лажиче црвен мелен пипер, го вадиме тавчето од рерна и го попаруваме бешамел сосот - а носи име БЕЛ МАШ.
Значи, ви понудив два рецепта...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани