Несекојдневна, но многу вкусна салата е мојот денешен предлог.

Најпрво во касерола налеваме вода.
Од кога ќе почне да врие ја додаваме тестенината.
Вариме според упатството.
Ја процедуваме сварената тестенина, ја миеме со ладна вода, ја ставаме во цедалка да се исцеди од вишокот на течност и да се излади.
Во еден сад ги соединуваме ситно сецканиот копар, мелениот орев, зачините, киселата павлака, сецканото сирење и сецканата свежа краставица.-
Ја додаваме и изладената тестенина.
Соединуваме убаво и сервираме.
Декорираме со гранче копар и мелен орев.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани