Подготовка:

1. Пилето измиено и исчистено го ставаме да се вари. Кога ќе зоврие посолуваме.
2. Морковите, кромидот, пашканатот, компирот, измиени, исчистени и излупени цели се ставаат кај пилето. Се додава и лукот.
3 .Откако е варено пилето, се вади од течноста. Течноста се процедува и од неа се остава малку на страна (околу 300 мл). Едниот морков се сече на мали парчиња и се става во процедената течност. Останатиот зеленчук со половина од оставената течност се блендира со рачен блендер и се додава кон течноста.
4. Пилето се чисти од коските и кожата и се сече месото на ситно. Се додава кон течноста.
5. Чорбата треба да зоврие и се додава зачин од сушен зеленчук и црн пипер.
6. Во преостанатата оставена течност се додава 1 лажица кисела павлака, 1 јајце и 1 лажичка брашно. Убаво се меша (може и во блендер) и се додава постепено кон зовриената чорба, постојано мешајќи. Треба да врие уште 10 минути, со постојано мешање. На крај се додава исечен магдонос.
Чорбата може да се служи како предјадење, но и како самостоен оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови