Овие питулици се прават кога ке се роди бебенце и бабата ги праве во чест на новороденчето.

Се мешаат сите состојки со лажица и на крајот се додава брашното. Тестото треба да биде погусто од палачинки, а поретко од тесто за кифли. Значи тестото да се меша со дрвена лажица(густо како крем)
Се остава да надојде тестото на топло(не се меша). Кога е стасано тестото се зема со мрсна лажица и се пржи во загреано масло. Се служат и солени и благи со шеќер во прав. Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови