Од наведените состојки се замесува меко тесто.
Потоа тестото се дели на 10 еднакви делови и се остава да одстои половина час.
На набрашнета работна маса се расукува кора, се попрскува со малку масло за јадење и се става сирење по желба. Се замотува кората во ролат. Исото го правиме со цело тесто. Одозгора врз баницата премачкуваме јајце, па редиме парчиње маргарин (за помека кора). Печеме 20 мин на 250 па 20 на 150.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови