Подготовка на филот
1. Гиставаме водата и шеќерот да зовријат, потоа вариме уште една минута и тргаме на страна и ги додаваме оревите, кокосот и какаото, промешуваме и го додаваме пецивото.
2. На работна маса ставаме една кора ја прскаме со масло, ја ставаме втортата кора ја прскаме со масло и посолуваме со гриз, потоа ја додаваме третата кора ја прскаме со масло и се става филот на едната страна и се мота во ролат
3. Баклавата ја сечеме на парчиња и редиме во намрсен плех. Постапката ја повторувамеи со преостанатите кори.
4. Баклавата пред печење ја попрскуваме малку со газирана вода и печеме во претходно загреана рерна на 220 степени додека да порумени,  а потоа постепено ја намалуваме температурата. 5.Топлата баклава ја полеваме со оладен шербет. По желба одозгора можете да ја напрскате со половина чоколада растопена со малку масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови