Брз и вкусен десерт. Јаболката издлабете ги, јас тоа го правам со алатчето за вадење дршки и семки од пиперките, и излупете ги. Исечете ги на 6-7 дела.
Оревите исечкајте ги покрупно и измешајте ги со шеќерот и циметот.
Во тава намачкана со масло редете ги јаболката со тоа што над секое парче со мало лажиче наросувајте од смесата со ореви.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени, покриени со фолија, отприлика 20-25 минути.
За тоа време направете го шербетот. Зовријте ја водата со шеќерот, нека повари две-три минути и кога ќе се подолади ставете го и медот.
Кога јаболката ќе бидат печени прелијте ги со шербетот и оставете ги во фрижидер добро да се оладат.
Служете со топка сладолед, со шлаг, прелиени со чоколадо или без ништо, секако се убави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови