Се зема една кора и се попрскува само со масло, врз неа се става втората кора и таа се попрскува со масло и газирана вода и се наросува презла, гриз, сусам и ореви, се става трета кора и таа се попрскува со масло и газирана вода и врз неа се наросува од презлата, гризот, сусамот и оревите, се мота како ролат и се реди во плех.
Со останатите кори се прави исто и сите се редат во плех.
Се сечат по желба, зависи колкава големина сакате, се полева со 800 мл масло и се остава 10-15 минути за да го впие маслото, а за тоа време се вклучува рерната да се загрее.
Баклавата се пече на 180 С, околу 45-50 минути, зависи од рерната како ви пече, постојано ќе ја надгледувате за да не изгори.
Испечената баклава се остава да се излади до следниот ден.
Утрото се прави шербетот со кило ипол шеќер и околу литро вода, колку да го покрие шеќерот. Врз баклавата наредете ги крукчињата лимон и полејте ја со шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови