Еден ден пред да го правите лебот измешајте ги сите состојки за пред тестото и оставете во затворена кутија на собна температура 1 час. Потоа кутијата префрлете ја во фрижидер и оставете ја 20 - 24 часа.
На денот кога ќе го печете лебот во садот на стоечкиот миксер ставете ги сите состојки освен солта и шекерот и мешајте на средна брзина 5 мин. Додајте ги солта и шеќерот, па мешајте го тестото уште 5 минути или додека сосема не се одвои од ѕидовите на садот и не стани многу мазно и еластично. Тестото треба да биди средно меко, па ако има потреба додајте малку вода или малку брашно. Ова тесто може и на рака да се меси, додека не ги добие напишаните карактеристики.
Оставете го тестото да надојде во покриен сад 30 мин.

Поделете го на два дела и секој расучете го на малку набрашнета површина во правоаголник со големина 40 на 20 цм. Премачкајте го секој дел со 1/4 од растопениот путер, преклопете ги двете страни кон средината така да се допираат ( не да се преклопуваат ), па оставете ги во фрижидер пориени со проѕирна фолија 30 мин.
Потоа, поставете го правоаголникот тесто така да средниот раб каде се допираат преклопените страни е хоризонтален. Расучете го во правоаголник, сметајки дека страната која е кон вас ќе биде должина на багетот и треба да одговара на должината на плехот во кој ќе печете. Повторно премачкајте го тестото со 1/4растопен путер и завиткајте го во средно цврст ролат. Префрлете го на плехот од шпоретот на кој сте ставиле хартија за печење. Повторете го истото со втората половина од тестото.
Разматете го јацето, премачкајте ги багетите и посипете ги со сусам. Со жилет засечете ги на три места по должина, во длабочина околу 1 цм. Покријте со проѕирна фолија и оставете да стасуваат 30 - 40 мин.
Загрејте ја рерната на 220 Ц. На дното на рерната ставете еден сад со вода да врие.
Печете ги багетите со пареа на 220 Ц 10 мин. а потоа извадете го садот со вода, намалете ја температурата на 200 Ц и печете уште 10 - 15 мин., додека не добијат убава златна боја или до внатрешна температура на лебот 93 Ц.
Овој багет е многу декоративен, а заради јајцето, маслото и млекото во тестото има вкус на кифла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани