Се замесува тесто од сите состојки да се добие компактна смеса. Тестото треба да е средно не многу тврдо така брашното може да се одземе или додаде. Од тестото се сука кора и со чаша се вадат колачи. Колачите се редат во подмачкан плех и се печат како кекси-значи не се препечуваат.
Гурабиите се колачи многу слични на бисквитите и затоа не се многу благи па по желба одозгора се посипуваат со шеќер во прав.
Одлични се затоа што многу траат и се чуваат во кутија-барем така е кај мене, па со кафенце, млеко, па дури и на суво грло одлично прилегаат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела