Се матат јајцата и шеќерот како за пандишпан.
Се додава млекото, зејтинот, брашното, гризот и прашакот за пециво.
Кога се убаво ќе се соедини се додаваат оревите.
Се пече во подмачкан плех број 32, во предходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути.

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот и оставаат да зовријат 5-6 минути и се додава кора и сок од лимонот.
Тортата се остава да се излади и се попарува со топлиот шербет.

Ова ми е еден од најомилените рецепти на мојата баба и ме потсетува на моето детство....

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови