Чашата е од 200 мл.
- Путерот оставете го да омекне на собна температура.
-Во брашното ставете ги солта и брашното, квасецот растворете во млаките млеко и вода, истурете кај брашното, додадете го маслото и лесно разматените белки, замесете меко тесто, покријте и оставете да стаса.
- Стасано тестото истурете го врз подмачката со масло работна подлога, без расмесување со рацете оформете правоаголна кора во дебелина од околу 1 см., премачкајте со 1/3 од вкупната количина од путерот (50 гр). Преклопете до половина од кората од пошироката страна - премачкајте со путеротврз него вратете ја другата половина од тестото, со раце повторно истегнете го тестото, премачкајте повторно со последната количина маслац до половина од кората - преклопете го од потесната страна. За цело време тестото стасува и лесно е за работа и пак оформете со рацете кора. Сечете ленти - преклопете ја исечената лента на половина - истегнете малку и замотајте ја околу себе - оформете ги ачмите - гевречињата. ставете на плех послан со хартија за печење , покријте нека стасуваат повторно, потоа премачкајте со сматените жолчки со малку вода во кои сте додале и некоја капка оцет., посипете со семе кое сте го избрале, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени.
НАПОМЕНА
- Врз ачмите можете да ставите и само крупна сол - без семе.
- Ачмите можете да ги премачката со гроздов маџун или јаворов сируп- посипете со семето (ако вака ги правите тогаш не е потребно премачкување со жолчка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани