1. Јајцата со шеќерот се матат до згуснување. Се намалува силата на миксерот најниско и се додаваат прво течните, па сувите состојки.

2. Во калапот за мафини се ставаат хартиени корпи. Во секоја се става по 2 лажици од смесата. Врз смесата се става по пола лажиче китникез или ако немате, заменете го со поцврсто слатко од дуњи.
Благо притиснете со лажичето и од страните земајте и покријте го со смесата одозгора.

3. Печете на 170С околу 18на минути.

4. Стопете го чоколадото со маслото и кога малку ќе подоладат мафините извадете ги од калапот и макајте ги во стопеното чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани