Некако покомплицирано ми звучеа кога ги читав, па мораа да бидат испробани, предлог да се избегнат стандард верзиите, понекогаш сите сакаме нешто поинакво во бит суштината им е иста само ги двои аромата.
Од предвидените состојки се меси тесто кое кога е доволно месено треба да се двои од садот, мека конзистенција затоа рацете премачкани со масло. Така се остава да отстои 1 саат. Не се премесува после тоа само се спушта со лажица од тестото во врело масло и се пржат. Понатаму пожелно би било да се извалкаат во шеќер прав, арно ама немав во моментот па си импровизирав со обичен и ете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови