Прво се мати јајцето со шеќерот и ванилите. Се додава масло и маст и се доматува.
Потоа се додава брашно и пециво.
Брашно додаваме додека не добиеме средно меко, но нелепливо тесто.
Потоа ги додаваме оревите и кората од портокал.
Замесуваме.
Од готовото тесто правиме форми по желба, може и топчиња, ги редиме во плех и ги печеме во загреана рерна на 200 степени, 10 до 15 минути, додека убаво да поруменат.
Топли ги валкаме во шеќер во прав.