Ароматичен компот кој ќе ви ја згреее душата.

1. Во тенџере ставаме вода. Ги додаваме претходно малку накиснатите црни суви сливи. Додаваме кругови лимон, анис, цимет стапче, малку морско оревче во прав, малку каранфилче во прав и оставаме да вари на тивко околу 25 минути. Пред крај додаваме мед, кесички чај и оставаме да вари уште 5 минути.

Тргаме на страна сервираме и послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови