Во длабок сад ги ставаме јајцата и шеќерот матиме со жица за матење и го додаваме млекото,потоа го топиме путерот чекаме малку да се олади па го додаваме во претходно матените јајца, шеќер и млеко, сето тоа го промешуваме. Кон садот додаваме брашно, сол, ванилин шеќер и прашок за пециво. Матиме додека смесата не стане полугуста и мазна. Го загреваме тавчето на рингла, но треба да се внимава температурата да не е многу јака. Во тавчето се става пола кутлача од смесата. Едната страна на палачинката се пече околу една минута односно додека не се појават сите меурчиња на површината, па ја вртиме на другата страна и печеме пола од времето кое што било потребно за да се испече првата страна.

Забелешка - ова е дупла доза, па можете да ја направите доколку сте расположени за многу благо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови