1. Се добро се меша и со лажица се става од смесата на загреано тефлонско тавче. Јас ставав по четири.Треба да биде средна температура.
2. Се пржи неколку минути додека се добие златна боја. Во овој момент може на горната не пржена страна да се наросат боровинки, парченца банана, ренадно јаболко, крцкава панцета, рендан кашкавал или пармезан и друго што ке ви текне. Потоа се превртува и се пропржува додека добие златеста боја.
Овие палачинки може да ги правите мали или големи, можат да се јадат и само со јаворов сируп, со мармалад или џем, а може и со некој солен фил.
Ова е наједноставниот начин на правење американски палачинки, па и покрај тоа што има многу рецепти за нив, мислам дека овие заслужуваат да бидат објавени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови