Саботата беше убав и сончев ден, па жално беше да се помине голем дел во кујна. За таа цел направив нешто набрзина. Нешто што ме врати во детството. Повторно рецепт од ризницата на мајка ми. Нели, на мама кујната секогаш е најслатка.

Чекор 1
Се варат компирите. Се рендаат. Се рендаат и кромидот и лукот. Се сецка магдоносот. Се замесува смеса со сите горенаведени состојки (со исклучок на белките и лебните трошки). Смесата е пожелно да се остави неколку часа во фрижидер за убаво да се хомогенизираат вкусовите.

Чекор 2
Се формираат поголеми ќебапи, се валкаат во претходно со вилушка изматената белка, а потоа во презла. Се пржат на умерен оган.

И, ручекот е готов.

Ние ги гарниравме со свежа салата. Овие ќебапи исто така убаво одат и со тартар сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани