Испечати

Посна пита со маслинки

Посна пита со маслинки

Состојки

  • Состојки
  • 500 гр готови кори за пита
  • 300 гр сечени маслинки
  • 1 лажичка сув квасец
  • 300 мл кисела вода
  • 7 лажици брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 150 мл зејтин
  • За поросување сончоглед и сусам

Подготовка

Еве еден предлог за оброк за сите кои постат во овој период. Лесно се приготвува, а питата е превкусна.

1. Во миксер матиме кисела вода, квасец, шеќер и брашно. Се остава да надојде квасецот (да почнат да се создаваат меури), па се додава сол и зејтин и сè заедно се меша. Ова е смеса за премачкување на корите.

2. Земаме една кора и ја премачкуваме со 2-3 лажици од смесата. На едниот крај ставаме сечени маслинки и замотуваме во ролна. Така се прави со сите кори.
3. Корите ги редиме во подмачкан плех. Остатокот од смесата ја мачкаме со четка врз наредените кори. Поросуваме со сончоглед и сусам.

4. Се пече во загреана рерна 25 минути на 180 степени. Се остава питата да одмори 15 минути.