Испечати

Тесто за домашна пица

Тесто за домашна пица

Состојки

  • За тесто
  • 500гр. просеано бело брашно
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажици масло
  • по потреба топла вода
  • За фил
  • 3-4 црвени домати со средна големина
  • по потреба оригано
  • по потреба и желба сувоместо
  • 2-4 јајца
  • 300 гр. кашкавал

Подготовка

Се замесува средно меко и еластично тесто од сите наведени состојки, без активирање на квасецот. Се премачкува со масленце, се покрива и се остава на топло, околу 2 часа.

После изминатото време, тестото без премесување го префрлуваме на набрашнета подлога и го обликоваме со дланки во големина на тавата во која ќе ја печиме. Кај мене беше 32на 39цм..
Ја префрлуваме во намрсената тавата.

Ја премачкуваме со претходно излупените, изгмечените, испасираните црвени домати со вилушка, додавајќи малку сол. Се остава тестото на топло, повторно да стаса 20 мин..
Потоа редиме што милуваме и ја ставаме пицата да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 20 мин. или зависно од рерната.

На здравје!