Испечати

Пржени питулици (Турвани питулици )

Пржени питулици (Турвани питулици )

Состојки

  • 1кг. просеано бело брашо
  • 2 јајца
  • 1 пециво
  • 1/2 пресен квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица алкохол-ракија, узо....
  • по потреба затоплена минерална газирана вода (600-700мл)
  • по потреба масло за пржење-околу половина литар

Подготовка

Од сите наведени состојки се зафаќа тесто, кое ќе биде многу меко, но кашесто. Се работи со миксер. Погусто е од за палачинки. На дополнителните фотографии можи да се воочи.
Се остава да дуплира волумен кашата. Се изработува уште еднаш со миксер, па се пржи.
Се пржат во длабока загреана мрснотија на умерен оган додека добијат убава боја од двете страни.
Се турваат со намрсена дрвена лажица, од тука и името.
Се вадат на хартиена салфетка, да се впие вишокот мрснотија.
А, потоа како ви душа сака...со шеќер во прав или сиренце...
На здравје!
п.с. Да додадам, порано овие питулици ги правеле нашите баби кога во фамилијата ќе се добиело новороденче, наместо денешните крофни или мекици :))