Испечати

Овошна пита(посно на вода)

Овошна пита(посно на вода)

Состојки

  • 5лажици џем
  • 1шоља сечкани ореви
  • 1/2шоља сечкани свежи урми
  • 1 /2шоља суво грозје
  • 2портокали цедени
  • 400мл. газирана вода
  • 400гр. брашно
  • 1/2кесичка печиво
  • 1 мала рамна лажичка сода бикарбона
  • за премечкување
  • 4лажици џем
  • 1/2шоља мелени ореви

Подготовка

Пробајте ја и ви ветувам дека редовно ќе си ја правите при пост на вода.
1. Сувото грозје се става да отстои 30 минути во сок од цедените портокали.

2. Во меѓувреме правиме подготовка за сите преостанати состојки. Се сечкаат оревите и урмите, се ренда кора од 1 портокал и се додава во садот со суво грозје.

3. Настрана во брашното се става печивото и содата, сечканите ореви, урмите.

4. Во садот со газирана вода се додава џемот и се меша да се истопи во течноста.

5. Во тркалезен калап бр.30 се става хартија за печење.Се загрева рерната на 180 степени. Во течните состојки постепено со мешање се додава од сувите состојки, смесата се меша додека се изедначи. Во обложениот калап со хартија за печење се излева смесата, се рамни и се става да се пече. При крај на печење се вади од рерна и се боцнува со чепкалка, доколку е сува чепкалката питата ни е готова. Мојата беше испечена за 30 мин.

6. Врз врелата пита се премачкува џем и се враќа в0 рерна за 5-10 мин.да се запече џемот. На сам крај најгоре се роси мелени ореви. Ладна се сече.