Испечати

Ориз со зеленчук

Ориз со зеленчук

Состојки

  • ½ главица кромид
  • 1 пиперка
  • 2 моркови
  • 5-6 парчиња шампињони
  • ½ тиквица
  • 3 лажици масло
  • 1 филџан ориз
  • 3 филџани вода

Подготовка

1. Кромидот ситно го сецкаме. Пиперката и морковите ги сецкаме на кругови. Шампињоните ги сечиме на тенки кругови. Тиквицата ја сецкаме на коцки.
2. Маслото го ставаме во тавче на оган да се загрее, во него го додаваме кромидот да се пропржи. Ги додаваме пиперката, морковите, тиквицата и шампоњоните. Зачинуваме со сол, мешан сув зачин, црн бибер и сушен магдонос. Сето го пржиме заедно 10тина минути.
3. Во тавчето го додаваме оризот, кратко пропржуваме и ја додаваме водата, да зоврие.
4. Оризот и зеленчукот ги ставаме во тавче и печеме во загреана рерна на 200 степени додека да испари водата.