Испечати

Лепеза со малини- мој 600 јубилеен рецепт

Лепеза со малини- мој 600 јубилеен рецепт

Состојки

  • 1 тесто
  • 3 јајце
  • 3 лажици шеќер
  • 2лажици густин
  • 1лажица брашно
  • 2лажици врела вода
  • 1лажиче пециво
  • 2 тесто
  • 2 јајце
  • 2лажици шеќер
  • 1лажица врела вода
  • 1лажица брашно
  • 1лажица густин
  • 1лажиче пециво
  • 2лажички просеано какао
  • 3 тесто за лепезата
  • 2 белки
  • 2лажици шеќер
  • 200гр мелени лешници
  • 100гр црно чоколадо
  • 1лажица масло
  • Фил1
  • 500мл слатка павлака
  • 1 кесенце желатин
  • 200гр АБЦ крем сир
  • 150гр кисела павлака
  • 3лажици шеќер во прав.
  • Фил
  • 300гр малини
  • 100мл вода
  • 50гр густин
  • 2лажици шеќер
  • 20гр путер
  • 1лажиче желатин
  • 2лажици вода
  • За декорација 100 мл слатка павлака, малини, ливчиња маточина

Подготовка

Драги мои пријатели, и овој пат ќе заокружам за мене една голема и значајна бројка на објавени рецепти,600 рецепти, споделени на овој прекрасен сајт,со една неверојатно вкусна, сочна, лесна торта со малини.За неа не ви е потребен ниту путер, ниту маргарин, ниту стоење со часови во кујна на оваа летна горештина.Потребна ви е само желба,да подготвите нешто лесно, вкусно,со кое ќе ги израдувате вашите најмили.
И не сакам да се повторувам на секој јубилеј, но сепак ќе речам-Ви благодарам драги МОИ РЕЦЕПТИ ,што постоите и што на едно место не собравте сите вљубеници во домашно зготвена храна,
Ви благодарам на вас за добиените награди, за рецепти на месецот, вам драги пријателки ви благодарам за секоја секунда што сте ја потрошиле да ги погледните моите рецепти, за секој лајк, за секој ваш коментар.
А сега евего начинот на подготовка на тортата.

Сите три теста се печат во тава бр 26.
Исто и обрачот во кој се реди тортата е бр 26.
Прво го правиме тестото за лепезата.
Во еден сад ги ставаме двете белки, матиме и постепено ги додаваме мелените лешници.
Ја ставаме смесата во тавата и печиме околу 12 минути на 180 степени.
Ја оставаме на решетка да се излади.
Чоколадото го растопуваме со маслото и ја премачкуваме испечената кора.
Оставаме да се стегни.
Сега го подготвуваме жолтото тесто.
Ги делиме белките од жолчките.
Во жолчките ја ставаме половината количина на шеќер и матиме до побелување.
Потоа ја додаваме врелата вода.
Сега ги матиме белките со останатиот шеќер.
Со шпатула ги соединуваме белките, шолчките, брашното, густинот, пецивото.
Печиме во истата тава околу 15 минути на 180 степени.
Изладеното тесто го сечиме на половина.
Сега го спремаме кафеното тесто.
Ги делиме жолчките од белките.
Ги матиме жолчките со половина количина шеќер до побелување.
Ја додаваме врелата вода. Во друг сад ги матиме белките со останиот шеќер.
Сега ги соединуваме жолчките, белките, какото, брашното, пецивото. Печеме во истата тава околу 15 минути на 180 степени.Изладеното тесто го сечеме на половина.

Сега го подготвуваме филот. Го ставаме желатинот во еден сад и ставаме 5 лажици вода, да набабри. Сега ги соединуваме во еден сад крем сирот, киселата павлака, шеќерот во прав. Во желатинот ја ставаме останата слатка павлака,50 мл и на тивок оган мешаме колку да се соединат, но да не провријаат.

Во друг сад матиме 450 мл слатка павлака. Сега ги соединуваме,слатката павлака, кремот со крем сир и желатинот. Овој фил го делиме на 2 дела.

Сега во една касерола ги ставаме малините, шеќерот, густиот, водата и ги поминуваме со стапчест миксер. Вариме на оган до згуснување. Тука додаваме набабрен желатин и промешуваме.Го додаваме и путерот.

Редење на тортата. Прво на дното на обрачот го ставаме жолтото тесто. Врз него ставаме половина од белиот крем. Го ставаме кафеното тесто. Врз него го ставаме филот со малини. Сега врз филот го ставаме кафеното тесто.Врз него ја ставаме втората половина на бел крем. Го ставаме жолтото тесто.
Тортата ја чуваме во фрижидер најмалку 6 часа. Потоа прво испеченото тесто , кое е прелиено со чоколадо, го сечиме на 12 парчиња. На тортата ставаме украси од изматена слатка павлака, ги редиме триаголниците, декорираме со малини, ливчиња маточина, Нека одстои во фрижидер уште еден час па сервираме.

Совет- смесата за теста може да ја поделите одма на 2 дела и да печите во 2 исти тави, така е полесно, одколку рамномерно да се пресечат на половина.