Испечати

Потпечени Јуфки (со јајца и урда)

Потпечени Јуфки (со јајца и урда)

Состојки

  • околу 400 гр Јуфки
  • по потреба Вода
  • малку масло и сол
  • 3 Јајца
  • 200 гр Урда
  • 100 мл Јогурт

Подготовка

1. Јуфките ги ставаме во тавче (број 28) и ги ставаме во загреана рерна на 250 степени додека да поруменат, со повремено промешување.

2. Во исто време ја ставаме водата во која додаваме сол и масло да зоврие. Штом зоврие водата, ги полеваме потпечените јуфки колку да ги прекрие...или ставете масло врз јуфките, па полејте ги со зовриена вода само со сол.

3. Ги враќаме во рерна додека да испари водата, повремено промешуваме.

4. Претходно ги мешаме јајцата, урдата и јогуртот (посолуваме ако има потреба) и со таа смеса ги полеваме испечените јуфки. Ги враќаме во рерна додека да се допечат (со повремено промешување) околу 10-на минути.

Послужуваме додека е топло со сирење или чаша јогурт.

На здравје!