Испечати

Полпети од ослич и компир (посно)

Полпети од ослич и компир (посно)

Состојки

  • 300 гр. филети од ослич
  • 500 гр. компир
  • 240 гр. варен грашок
  • 1/2 лимон
  • според потребата брашно и маслиново масло
  • на вкус сол, бибер, сув зеленчук, магдонос

Подготовка

- Во солена вода ставете да се вари компирот во лушпа
- Во друг сад ставете вода да проврие, додадете ги филетите од осличот и нека се вари околу 10 мин.
- Излупете го компирот и згмечете го како за пире, а најдобро во алатката за пресување на компир.
- Сварените филети од осличот со рака само раскинете го, нека има парчиња, да не е згмечено и изедначено со компирот, додадете го и варениот грашок, нарендајте ја кората од лимонот, додадете според вкус магдонос, сол, бибер, сув зеленчук (пробајте на сол и досолете ако не ви е солено). Измешајте со лажица убаво целата смеса да се спојат сите состојки, па со влажни раце правете полпети. Извалкајте во брашното од сите страни и пржете на загреано масло по 3-4 мин. од секоја страна.
Служете топли, но вкусни се и оладени.
Сервирајте ги со прилог кој вие ќе го одберете. Јас како прилог исеков на ленти тиквичка и морков, го посолив, малку додадов бибер и ги запржив сосема кратко. Ова е одличен прилог и никогаш таман... значи поголеми колични треба.
Сосема е погоден и прилогот од густ јогурт во кој ќе ставите малку сок од лимон, малку бибер... а кој сака пикатно - нека пороси чили.